Магичниот гол од зад грб на Манасков е најубав во ЛШ, има место и за „вртенката“ на Шишкарев (ВИДЕО)

Тимот на Веспрем со сигурна победа од 35-29 во реванш средбата против Спортинг Лисабон успеа да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Меѓу најдобрите играчи во домашниот тим беше нашиот репрезентативец Дејан Манасков, кој успеа да постигне четири голови.

Еден од нив се најде во ТОП 5 изборот по завршувањето на сите осминафинални средби. Во првиот дел со атрактивен потег, односно со шрауба зад грб го совлада гостинскиот голман Аљоша Чудиќ.

Меѓу најубавите голови, има место и за оној на Данил Шишкарев од Вардар од пивотменската позиција на средбата со Загреб. Погледнете ги ТОП 5 головите ТУКА, додека ТОП 5 одбраните може да ги погледнете ТУКА, а кој се најде во најдобрата седморка, може да видите ТУКА.