Магдинчев не е повеќе селектор на женската ракометна репрезентација

Ристо Магдичев е разрешен од функцијата селектор на женската ракометна репрезентација по двата порази од селекцијата на Италија. При самото доаѓање на селекторското место Магдинчев најави подмладување на репрезентацијата но сепак двата порази во дуелите со репрезентација како Италија беа премногу.

Генералниот секретар на ракометната федерација, Филип Милошевски потврди дека Магдинчев повеќе не е на чело на репрезентацијата, а на следниот состанок на УО ќе биде именуван ВД-селектор кој ќе треба да го доврши квалификацискиот циклус.