Магдебург го продолжи договорот на својот капитен

Капитенот на екипата на Магдебург, Фабиан Ван Олфен го продолжи договорот со германската екипа, и во наредните две години останува во бундеслигата. 33-годишниот холандски репрезентативец игра во животна форма,што беше знак за тимот на Магдебург да го продолжи договорот на својот капитен и во наредните две години. Ван Олфен пристигна во Магдебург во 2006 година, а во 2007 година со германскиот тим го освои ЕХФ купот.

Му благодарам на клубот и на тренерот Свеинсон што веруваа во мене, и на шансата која ми ја даваат и во наредните две години да настапувам за Магдебург. Во изминативе девет години Магдебург стана како втор дом за мене. Многу сум среќен што и понатаму ќе настапувам за екипа со богата традиција и ќе се борам за врвот во Германија.