Мавсар: Игравме добро во двата правци

Она што можеби му недостигаше на Вардар во минатите сезони, сигурен пеналџија, сезонава го доби во името на словенечката репрезентативка, Тамара Мавсар. Левото крило на „црвено-црниот“ тим, на дуелот против ФТЦ во високата победа со 37:24, имаше реализација 6/6.

„Среќна сум што победивме. Можеби никој не очекуваше толку висока победа. Она што беше лошо во Скопје на првиот натпревар се обидовме да го подобриме. Се поклопија многу работи, игравме добро и во одбрана и напад, и головите си дојдоа како плод на нашата добра игра.“ – изјави Тамара Мавсар.