Маврово ги отвора вратите на јубилејниот петти ракометен камп

Ракометната академија „Алушовски“ на 17 јуни го отвора јубилејното петто издание на летниот камп Маврово.

Од 17 јуни до 23 јуни Маврово ќе биде домаќини на петтиот ракометен летен камп. На старата локација, со проверен тим, камперите ќе имаат можност да научат дел од ракометните тајни, да се забавуваат и другаруваат уживајќи во природата на националниот парк Маврово.

Под будното тренерско око на Стевче Алушовски, Александар Јовиќ и Лефтер Бошковски, младите кампери ќе тренираат во спортскиот центар на хотелскиот комплекс “Бистра”, а за посебно доживување тука ќе бидат и специјалните гости, тренерите Зоран Рогановиќ, Драган Аџиќ и Андон Бошковски.

Младите кампери ќе имаат можност да се дружат и учат од нашите актуелни репрезентативци Кирил Лазаров, Никола Митревски, Филип Кузмановски, Филип Талески, Борко Ристовски, Гоце Георгиевски како и поранешните Петар Ангелов, Наумче Мојсовски и сите пријатели на ракометниот камп.

Остануваат уште мал број слободни места. Пријавувањето за кампот се уште трае, а можете да се пријавите или да добиете повеќе информации на следниот ЛИНК или на телефонскиот број 078 434 006.