ЛШ: Мирјета Бајрамовска со Крим го оставија на мраз Динамо

Во рамките на третото коло од Лига на шампионите во првата група екипата на РК Крим забележа победа на гостувањето во Волгоград против Динамо – Синара со 26:25 ( 13:15). Пред волгоградската публика своите квалитети на теренот ги покажа поранешната репрезентативка на Македонија, Мирјета Бајрамовска која беше најзаслужна за победата со нејзиниот Крим и беше најефикасна на натпреварот со осум погодоци. Кај рускиот тим традиционално Ана Кочетова ја предводеше листата на стрелци со шест погодоци. Против составот на Динамо играа и двете поранешни ракометарки од овој клуб, Марина Ламбевска и Екатерина Чешкова кои не се запишаа во листата на стрелци.

Во четвртото коло Крим е домаќин на Динамо во Љубљана.

Претходно во првата група Лајпциг го декласираше Хипо со 42:22 ( 15:13)

Натпревари за денес

Група Б

Турингер – ЖРК Будуќност ( 14.30 часот)

Подравка – ЖРК Вардар  ( 17.00 часот)

Група Ц

Виборг – Ѓер ( 17.00 часот)

Група Д

Лублин – Мец ( 18.00 часот)

Фото: rkkrim.com