ЛШ: Мец падна во Лублин, Виборг поразен од Ѓер

Во рамките во третото коло од Лига на шампионите во женска конкуренција екипата на Лублин ги освои првите бодови во ова натпреварување. Екипата на Мец не можеше да се справи со расположените ракометарки од Лублин кои со помош на 10 погодоци на бразилката Да Силва Коинтино запишаа победа и се вратија во игра за најдобрите три позиции на табелата во Д групата. Натпреварот заврши со четири позитива за Лублин 35:31 ( 17:16).

Во четвртото коло Лублин му гостува на Мец.

Во Б групата ЖРК Вардар издвојува тесна победа на гостувањето во Копривница против Подравка. Повеќе за овој натпревар на следниот линк.

Во истата група ЖРК Будуќност триумфираше на гостувањето против Турингер со 27:22 ( 16:11).  Најефикасна во составот на Турингер беше Надја Надгорнаја со пет погодоци. Во црногорската екипа Кристина Неагу постигна шест, додека во листата на стрелци успеа да се запише и голманката Клара Волтеринг.

Во Ц групата се сретнаа поранешниот европски првак против актуелниот европски првак. Екипата на Виборг немаше сили да му се спротистави на Ѓер кој во Виборг отпатува без Адриен Орбан која заработи повреда во претходното коло против Савехоф во Шведска. Ѓер издвојува убедлива победа со 30:25 ( 17:13).  Најефикасна во Виборг беше Лоисе Лугсборг со шет погодоци, кај Ѓер најефикасна беше Едуарда Аморим со седум погодоци.

Резултати – 3.коло

Група А

Динамо Синара – РК Крим Меркатор 25:26 ( 15:13)

Лајпциг – Хипо 42:22 ( 20:11)

Група Б

РК Подравка Вегета – ЖРК Вардар 26:27 ( 13:11)

РК Турингер – ЖРК Будуќност 22:27 ( 11:16)

Група Ц

Савехоф – Локомотива Загреб 29:29 ( 15:15)

Виборг – Ѓер 25:30 ( 13:17)

Група Д

Баја Маре  – Ларвик 23:24 ( 13:12)

Лублин – Мец 35:31 ( 17:16)