ЛШ: Будуќност прв по бројот на посетеност, ЖРК Вардар четврти, Хипо последен по две домашни средби

По четири одиграни кола оваа сезона во Лигата на шампионите во женска конкуренција ЖРК Будуќност е лидер по бројот на посети. Според  податоците на ЕХФ ( официјалните записници), екипата на ЖРК Будуќност е прва по бројот на посети во двата домашни натпревари со вкупна посетеност од 9500 гледачи, втор е Мец од Франција со вкупна посетеност од 8650, трет е Ларвик со вкупна посетеност од 6697 додека на четвртото место е македонскиот шампион ЖРК Вардар со 6500.

24ракомет.мк ви ја претставува вкупната посетеност на сите женски екипи во ЛШ.

Број на посетители по арени/клубови на два досегашни натпревари од Лигата на шампионите 2014/2015:


    

1. ЖРК Будуќност 9500

2. Мец     8650

3. Ларвик 6697

4. ЖРК Вардар 6500

5. Ѓер 5768

6. Лајпциг 4409

7. Лублин  4100

8. Баја Маре 4000

9. Турингер 3358

10. Виборг 3158

11. Подравка 3100

12. Динамо 3000

13. Крим 3000

14. Савехоф 2135

15. Локомотива 2100

16. Хипо 1420