ЛШ: Будуќност го декласираше Лајпциг во Подгорица

Ракометарките на ЖРК Будуќност на свој терен немаа никаков проблем против Лајпциг и славеа победа со високи 28:21 (16:7) во вториот натпревар од главната фаза во Лигата на шампионите. Екипата на Лајпциг одигра катастрофално прво полувреме со многу грешки во нападот. Причината за само седум постигнати погодоци во првиот дел беше цврстата обрана на Будуќнсот и голманката Марта Ждериќ.
Пред 5000 љубители во спортската сала ,,Морача” тренерот на ЖРК Будуќност, Драган Аџиќ во второто полувреме на терен реши да им даде шанса на младите ракометарки, Деспотовиќ и Рамушовиќ кои постигнаа по еден погодок. Најефикасна ракометарка во редовите на Будуќност беше Кристина Неагу со седум погодоци. Во поразениот тим Каролина Кудлач исто така беше стрелец на седум погодоци. Со победата против Лајпциг ракометарките на Будуќност се зацврстија на првото место на табелата во А групата.

Резултати,  Група А

Турингер – Динамо 30:33 (13:14)

Будуќност – Лајпциг 28:21 (16:7)

ЖРК Вардар – Крим Меркатор 41:30 (21:12)

Табела

1. Будуќност 11

2. Динамо 8

3. Лајпциг 6

4. ЖРК Вардар 5

5. Турингер 4

6. Крим Меркатор 2

Резултати, Група Б

Ларвик – Виборг 31:18 ( 18:10)

Баја Маре – Ѓер 18:26 ( 9:13)

Мец – Савехоф 22:25 ( 12:15)

Табела

1. Ларвик 12

2. Ѓер 10

3. Виборг 5

4. Мец 4

5. Савехоф 3

6. Баја Маре 2