Лука Циндриќ се приклучи на црвено-црната дружина (ФОТО)

Денес Вардар ги започна подготовките за новата сезона, а на првата прозивка се појави и Лука Циндриќ. Хрватскиот интернационалец имаше административни проблеми околу исписницата со својот поранешен клуб Металург, поради што ја пропушти речиси цела минатогодишна сезона.
FLP_5802
Договорот со Вардар беше постигнат уште минатата година, но се чекаше конечна разврска од арбитражата на ЕХФ за да се официјализира соработката со македонскиот шампион. Од овој септември централниот бек повторно ќе заигра во Лигата на шампионите овој пат во „црвено-црниот“ дрес.
ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ