Лука Мраковчиќ е нов ракометар на Металург

Хрватскиот централен бек Лука Мраковчиќ(20) е најново засилување за екипата на Металург. Мраковчиќ доаѓа од екипата на Замет, а со Металург потпиша договор на три години. Во својата досегашна кариера има настапувано и за екипите на Печине и Козала.

“Пресреќен сум што доаѓам во еден од најдобрите балкански клубови, а особено задоволство ми прави тоа што за тренер и учител ќе го имам најдобриот европски стратег Лино Червар. Доаѓањето во Металург го сметам како голем чекор напред во мојата кариера, бидејќи со тоа ми се остварува сонот да играм во Лигата на шампоните. Се надевам дека ќе го оправдам мојот агажман во тимот и дека ќе бидам дел од новото издигнување на клубот”-изјави Мраковчиќ за официјалниот сајт на РК Металург.

mrako

Лука Мраковчиќ е шестото засилување за Металург откако клубот ги ангажираше Јанко Божовиќ(десен бек), Даниел Дупјачанец (голман), Марко Матиќ(лев бек), Константин Петров (пивот) и Милош Вуковиќ (голман).Во наредните денови клубот од Автокоманда ќе ги објави и имињата на следните ракометари кои ќе пристигнат во клубот.