ЛУДИЛО ВО КЕЛН: Уште не почнал овој, а веќе се чекаат редици за билети за следниот Ф4! (ВИДЕО)

Ракометното лудило во Келн се уште не ја доживеа својата кулминација, но ако по утрото денот се познава, тогаш…

Утринава во 10:00 часот започна продажбата на влезниците за следниот завршен турнир во елитната конкуренција.

Иако се уште овој не е завршен, ракометните фанатици веќе побрзаа да набават билети за следната година, кога ќе се соберат на исто место. Погледнете како беше пред „Ланксес Арена“…