Лош финиш за Металург, за висок пораз против Чеховски медведи

МЕТАЛУРГ – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ         23:33 (10:13)

Ракометарите на Металург претрпеа пораз од Чеховски медведи на турнирот во Русија. Тие одиграа две различни полувреме после кои на семафорот остана запишано 33:23 во корист на Русите.

Екипата на Чеховски медведи го доби првиот дел со 13:10. Имаше нешто повеќе од играта и оваа предност беше шанса за двете екипи во продолжението. Металург успеа да парира, па на почетокот на вториот дел и да се одржува на негативата од три гола.

Сепак, финишот беше тој кој одлучи на оваа средба. Металурзите имаа пад во ритамот и во играта и не успеаја да се изборат за подобар резултат. Дозволија Чеховски медведи лесно да се избори за триумф и тоа од дури десет погодоци.