Лош старт на главната рунда: ЖРК Вардар поразен од Лајпциг

Во првиот натпревар од главната рунда, македонскиот шампион Вардар лошо стартуваше и претерпе пораз на гостувањето во Лајпциг од 3 погодоци разлика.

Група 1: Лајпциг – Вардар 26-23

Натпреварот го отвори Барбара Лазовиќ со својот прв погодок за водство од 1-0 за Вардар а избраничките на Индира Кастратовиќ одржуваа водство од еден разлика до 12тата минута. Домаќините со серија од 2-0 израмнија на 6-6 во 17тата минута. Барбара Лазовиќ со својот трет погодок на натпреварот ја прекина лошата игра и го врати својот тим во водство. Во последните пет минути од првиот дел ракометарките на ЖРК Вардар не беа на ниво додека на голот на Лајпциг – Катја Шулке бранеше во свој ритам. Каролина Кудлач и Сашка Ланг беа незапирливи во нападот и главни актери на теренот во минутите кои следуваа за по 30 минути игра да ја однесат екипата на пауза при резултат 13-10.

Вториот дел започна со блескаво издание на германскиот тим. Во 34тата минута Лајпциг ги имаше највисоките 15-11. Германките успеаа водството да го одржат со цврста одбрана и не дозволуваа лесни удари кон својот гол. Вардар се повеќе грешеше, а сето тоа Лајпциг го казнуваше. Сираба Дембеле со два погодоци во низа го намалија водството на домашната екипа на два разлика ( 20-18) во 45тата минута. Вардар во неколку напади имаше и можност да се врати во игра но не ја искористи дадената можност. Во последните десет минути од натпреварот Лајпциг ја демонстрираше својата сила и не дозволуваше неизвесност на натпреварот. На крајот заслужена победа на Лајпциг со резултат 26:23. Најефикасна ракометарка во составот на Кастратовиќ беше Андреа Лекиќ со шест погодоци. Во победничкиот табор Каролина Кодлач беше најдобра поединка со седум погодоци.

Движење на резултатот

2:2 ( 5), 4:4 ( 10), 4:6 ( 15), 6:7 ( 20), 10:9 (25), 13:10 (30), 15:12 ( 35), 17:14 ( 40), 20:18 (45), 21:19 ( 50), 24:20 (55), 26:23 (60)