Лоши вести за Турингер: Поради болест Јана Краусе го пропушта стартот на новата сезона

Голманот на германската репрезентација и столб на екипата на Турингер – Јана Краусе ќе го пропушти стартот на новата сезона. Германскиот репрезентативен чувар на мрежата има дијагноситцирано мононуклеоза во текот на летото и не е познато колку ќе отсуствува од ракометните терени.Мононуклеозата е честа и главно безопасна вирусна инфекција но симптомите вклучуваат знаци на општ замор на организмот и можат да траат до една година.

Оттука е нејасно, колку долго Јана Краузе ќе биде надвор од теренот.  “Се надевам дека нејзиното отсуство нема да трае долго но секако Јана ја има целосната поддршка од клубот” за германските медиуми изјави тренерот на Турингер – Херберт Милер.