Лоши вести за Романија и Баја Маре

Романската репрезентација и клубот Баја Маре ќе се соочат со проблеми во играчкиот кадар откако некои ракометарки заработија повреди во дуелите во Лига на шампионите. Ракометарката на Баја Маре  и репрезентативката на националниот тим на Романија, Лаура Олтеан во второто коло против Мец во Франција заработи повреда и ќе биде надвор од теренот неколку недели. Крилниот напаѓач на Баја Маре, Александра До Насименто претрпе повреда на стапалото исто така против Мец . Нејзиното отсуство од теренот се уште е непознато.

Мелинда Гајгер и Георгета Вартиќ ќе бидат надвор од терените поради семејни причини.

Баја Маре во три натпревари во Лига на шампионите освои само една победа и два порази. Романската селекција започнува со подготовките крајот на ноември.

Фото: HCM Baia Mare