Лоши вести за Вардар: После Милиќ и Вуко Борозан со повреда

Откако голманот Страхиња Милиќ не отпатува со селекцијата на Србија на гостувањето кај Австрија поради проблем со окото на контролните средби на Црна Гора го нема Вуко Борозан. Двајцата ракометари се соочија со повреди така што ова задава грижи за Вардар пред продолжението на Лигата на шампионите.

Според информациите од Црна Гора, Борозан нема сериозна повреда и има проблеми со грбот. Сепак, за колку голема повреда се работи ќе се знае откако ќе се врати во Скопје. Надежите се дека ќе можат да бидат подготвени за гостувањето во Шведска кај Кристијанштад на 4 ноември.