Лоша СЕХА недела за македонските претставници

По поразот од КИФ Колдинг во Лигата на шампионите, Вардар имаше еден ден за сумирање на впечатоците пред новиот предизвик во СЕХА Лигата. Екипата на Веселин Вујовиќ игра одлична сезона, во која беа подобри од Кил, Целје, Висла Плоцк… Натпреварот со кој се означи почетокот на нова СЕХА недела значеше тешко гостување на Вардар во Загреб. Хрватскиот шампион славеше победа со 30-25 за комплетирање на успешниот ракометен викенд.
Филип Лазаров постигна седум погодоци за Вардар, додека Степанчиќ имаше шест успешни удари за ППД Загреб.
12141706_666040620165348_3609889128558965695_n
Четвртокот беше резервиран за натпреварот меѓу вториот македонски претставник и Спартак Војпут. Дуелот на вицешампионите на Македонија и Србија заврши со победа на домаќините во Суботница со резултат 26-18. Макс Струмица имаше лош почеток на сезоната во која нема забележано ниту една регионална победа, а авантурата во ЕХФ Купот ја завршија по само два натпревара во Исланд. Овојпат Спартак Војпут беше противник по мерка на струмичани, но „рисовите“ имаа сили само за првите 20 минути. Првото полувреме заврши со пет голови предност за домаќините, а во вториот дел ракометарите на Спартак ја одржуваа разлика на четири голови. Во последните пет минути, струмичани дозволија противникот со серија од неколку погодоци во низа да слави убедлива победа од 26-18.
Реваз Чантурија постигна пет погодоци за гостите, додека Бојан Жупањац беше стрелец на шест голови во победата на домаќините.
12108278_667456416690435_136153194719604659_n
Вардар е на втората позиција на табелата со ист број бодови како и првопласираниот ППД Загреб, додека Макс Струмица со само два освоени бода се наоѓа на претпоследното место во регионалното натпреварување.