Лотте Григел го напушти Есбјерг: Следна дестинација странски клуб со големи амбиции

Ракометниот клуб Есбјерг од Данска објави дека е раскинат договорот со централниот бек, Лотте Григел. Искусната ракометарка заминува од Есбјерг, а следна дестинација според данските медиуми е странски клуб со големи амбиции. Григел заедно со репрезентацијата на Данска беа во Скопје каде одиграа и неколку контролни натпревари со македонскиот шампион, ЖРК Вардар.

Младата ракометарка од Данска последните две сезони одигра одлична партија на клупско и репрезентативно ниво,со што го привлече вниманието на повеќе странски клубови.