Лозари „скроени“ по мерка на Металург 2

Четвртфиналната група која се игра во спортската сала „Македонско сонце“ го започна полуфиналниот ден со натпрварот меѓу Металург 2 и ГРК Лозари. Подобри беа младите ракометари од Автокоманда со резултат 28-20.
FLP_3288
По почетното тактичко надмудрување, помладите ракометари на Металург во средината на вториот дел создадоа предност од 3 голови разлика, 4-7. Ракометарите на Лозар ја одржуваа негативата на три голови се до 20-та минута кога со нова серија од три голови во низа Металург 2 ја достигна највисоката предност од пет погодоци 8-13. До крајот на првиот дел Кавадарчани единствено намалија еден погодок од високото водство, за конечни 12-16 по првите триесет минути игра.
FLP_3312
Вториот дел започна ефикасно за тимот од Автокоманда, младите металурзи во почетните минути создадоа предност од недостижни седум голови, 20-13, за потврда на квалитетите и најава за атак на место кое води до завршницата на Купот на Македонија. До крај на натпреаврот, Металург 2 имаше и двоцифрена предност 14-24, а по шеесет минути се радуваа на висока победа од 20-28.
Најпрецизни во екипата на Металург 2 беа Дејан Гошевски со 6 и Давитковски Кристијан со 5 погодоци, кај Лозари Алексовски беше прецизен шест пати.
FLP_3251
Утре од 18:30 на распоредот е финалето од четвртфиналната група во која Металург 2 го очекува подобриот од дуелот меѓу Тинекс Пролет и Работнички.
ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ