ЛИЧНОСТ НА НЕДЕЛАТА: РАУЛ ГОНЗАЛЕС -ЧОВЕКОТ НА КОЈ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА МУ СИМНУВА КАПА

Интересен момент се случи на натпреварот на кој Вардар на гости го совлада Монпелје со 25-30. При еден лош период на својата екипа тренерот Раул Гонзалес повика тајм аут кој го започна кратко на англиски јазик, а комуникацијата ја продолжи на македонски и тоа со својот сонародник Алекс Душебаев. На тоа се надоврза Игор Карачиќ на англиски јазик, момент кој делуваше многу симпатично и предизвика позитивни коментари. Раул Гонзалес покажа дека е еден од најголемите професионалци кои седнале на клупата на Вардар. За кратко време шпанецот го совлада македонскиот јазик и се обидува тајм-аутите да ги води на истиот, нешто што ретко кој друг тренер се обидел да го направи во Македонија. Со овој потег Гонзалес заработи голем респрект кај македонските љубители на ракометот и покажа како се цени земјата и јазикот во кој работите. Дефинитивно, личност на неделата е Раул Гонзалес!