Литвански судиски пар на натпреварот против БиХ

Македонската машка ракометна репрезентација по вчерашниот ден одмор денеска ги продолжува натпреварите на СП во Катар. По стартните две победи над Тунис и Иран, денес од 17:00 часот во Али Бин Хамад Ал-Атијан арената во Доха, противник на “црвено-жолтите” e репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Судиската правда на овој натпревар ќе ја дели литванскиот судиски пар Гателис Миндаугас и Ваидас Мазеика. Литванците и судеа на нашата репрезентација во октомври на квалификацискиот натпревар за ЕП 2016 кога во Борис Трајковски ја победивме Швајцарија со 27:20. Се надеваме дека и вечерва овој судиски пар ќе биде таличен за нас и ќе успееме да стигнеме и до третата победа на СП во Катар.

gatelis_mazeika
Гателис -Мазеика