Лисчевиќ ја замолкна Ховет арената: Србија и Шведска ги поделија бодовите

По двете почетни победи, Србија го одигра последниот натпревар од групната фаза против домаќинот на првенството – Шведска. Србинките одиграа одлично и многу ефикасно прво полувреме кое заврши со три погодоци позитива во нивна полза, но домаќинот се врати целосно во натпреварот во вториот дел и имаше шанса за победа но Лисевиќ постигна погодок неколку секунди пред звукот на сирената и ги подели бодовите помеѓу двете репрезентации.

Ракометарките на Србија добро стартуваа и први направија предност од два погодока 3-1 по само три минути игра. Шведска брзо изедначи и стигна до прва минимална предност дури во 14 минута преку погодокот на Болм. Србија на средина на првиот дел ја врати сигурноста во свои раце, а голем удел во предноста на Србија имаше чуварот на мрежата Рисовиќ која покрај неколкуте одбрани од игра, спречи и два удари од седум метри. Највисоката предност на Србија беше 17-11 во 25та минута, но Швеѓанките конечно профункционираа во последните пет минути и замина на пауза со негатива од 3 погодоци 18-15.

Главната улога на почетокот на вториот дел ја имаа крилата на Шведска. Најпрво Луис Санд постигна четири последователни погодоци со што ја доведе нејзината репрезентација на негатива од два погодока по само 8 минути игра во вториот дел, а потоа Хагман го изедначи на 22-22. Шведска конечно поведе со погодокот на Алм, но Србинките уште во следниот напад изедначија. Крајот донесе многу возбудувања и домаќинот беше на чекор од победа, но Рисовиќ го скроти ударот на Оден, а Лисевиќ донесе изедначување на резултатот на неколку секунди до крајот за конечни 30-30.

Со овој резултат Србија ја освои првата позиција во групата А, а домаќинот заврши на второто место. Шпанија е на третата позиција. Словенија со денешниот пораз го заврши натпреварувањето во групната фаза.