Листа на стрелци, Прва машка лига: Филип Анѓелковиќ се доближи до стотката

Филип Анѓелковиќ и понатаму има одличен просек на реализација и има над 13 гола по натпревар, па веќе после седум кола тој се доближи до стотката и му требаат само седум погодоци за да стигне до троцифрен број на голови.

Сосема извесно е дека тој ќе нема конкуренција до крајот на сезоната, па доколку не се случи нешто непредвидено за очекување е Анѓелковиќ да биде на врвот на листата во мај следната година.

rin