ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ: Гичевска и Јанкуловска го поделија врвот во плеј-оф лигата

Ракометарките на Металург и на Пелистер, Леонида Гичевска и Ангела Јанкуловска покажаа најмногу за време на плеј-оф разигрувањето во Женската лига.

И двете постигнаа по 57 погодоци така што успеаја да направат убава предност во однос на Милица Николиќ од Вардар која во последното коло стигна до голем скок и до 3. позиција на листата на стрелците.

ЖЕНСКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

57 – Леонида Гичевска (Металург)

57 – Ангела Јанкуловска (Пелистер)

46 – Милица Николиќ (Вардар)

45 – Магдалена Делиоска (Стружанка)

40 – Медеа Чокели (Пелистер)

37 – Викторија Блажевска (Пелистер)

37 – Александра Боризовска (Куманово)

36 – Мила Трајковиќ (Куманово)

36 – Ана Шарановиќ (Куманово)

36 – Андреа Седлоска (Вардар)