„Лисиците“ ги надитрија Пешевски и Штутгарт, Миркуловски и Вецлар со убедлив триумф

Во рамки на петото коло во Бундес лигата македонските интернационалци имаа половичен успех на неделните натправари. Филип Миркуловски со Вецлар го совлада Нордхорн со 34:27, додека Жарко Пешевски со Штутгарт доживеа убедлив пораз кај Фуксе Берлин со 27:36.

Миркуловски на домашен терен забележа сигурна победа против екипата на Нордхорн од 34:27. Поранешниот репрезентативец на Македонија постигна два гола со едно промашување. Победникот на овој натпревар беше речиси решен кога Вецлар имаше предност 18:10.

На тешкото гостување во Берлин, Штутгарт немаше никакви шанси. Берлин многу рано обезбеди добра предност која успешно ја одруваше во текот на целиот натпревар. На полувреме беше 21:15 а до крајот само се зголеми разликата. Пешевски имаше учинок два гола до три удари на ова гостување.