Липовина останува во Вецлар и во наредните две години

Поранешниот ракометар на Металург и член на црногорскиот национален тим, Владан Липовина го продолжи договорот со германски Вецлар и за наредните две сезони. Липовина имаше договор на шест месеци со клаузула за можност по завршувањето на истиот црногорецот да го продолжи на две сезони. Вецлар беше задоволен од игрите на еден од најталентираните млади десни бекови во светот па се одлучи да го задржи во своите редови и во наредните две сезони.

Во Вецлар се чуствувам прекрасно. Имаме одлична екипа, одлични услови за работа, постарите соиграчи одлично ме прифатија, постигнуваме супер резултати и сакав да ја продолжам соработката. Верувам дека го направив вистинскиот избор и се надевам дека во наредниот период ќе ја оправдам довербата во мене, и дека соработката ќе биде успешна.