Лин Блом од следната сезона ќе настапува за Митјиланд

Младата репрезентативка на Шведска, Лин Блом, од следната сезона ќе настапува за Митјиланд во Данска. Блом треба да биде замена за Сузан Троп која следната сезона ќе настапува за Оденсе. Блом игра на позиција пивот, а Митјиланд ќе биде трет клуб во нејзината ракометна кариера. За швеѓанката ова ќе биде одлична можност да ги покаже  своите ракометни вештини бидејќи во Холстебро не добиваше голема минутажа.

Блом во Митјиланд ќе пристигне од Твис Холстебро, клуб кој веќе го напуштија сите главни ракометарки, а пред излезна врата се уште неколку.

Фото:EVENTMEDIA/Søren T. Larsen