Лино ја разубавува репрезентацијата: Мистер туризам 2016 ќе игра за Хрватска

Откако му се повредија два од трите десни бекови, Лино Червар мораше во последен момент да најде ново решение за оваа позиција за ЕХФ-неделата во која ќе има два контролни дуели против селекцијата на Словенија. Тој одлучи и да ја разубави репрезентацијата бидејќи новиот десен бек е Мистер туризам 2016.

Се работи за Јаков Вранковиќ, кој игра во редовите на Татабања од Унгарија. Тој ќе биде замена за повредените Копљар и Степанчиќ и ќе се обиде да дојде до минутажа во конкуренција со Шебетиќ и Вуглач.

Се работи за играч кој има 25 години, но во моментов е далеку попознат по неговиот избор за Мистер отколку по игрите на теренот. Останува да се види дали ќе успее да покаже дека може да биде добар и во репрезентацијата.

„Во тоа време играв за Динамо од Букурешт. Имав слободно време, па се пријавив за изборот и победив“, изјави Вранковиќ.