Лино Червар е новиот селектор на машката сениорска репрезентација

Комисијата за избор на нов селектор за машката сениорска репрезентација денеска ја донесе својата одлука. По трет обид, Лино Червар конечно прифати да седне на селекторската клупа. Комисијата која беше составена од Гино Стрезовски, Милчо Чакарески и Славе Атанасовски едногласно одлучи дека Червар е најдобрата опција за селекторската позиција.

Покрај Лино Червар, во канцеларијата на РФМ пристигнаа уште четири кандидатури меѓу кои македонецот Владимир Глигоров,  србинот Александар Брковиќ, шпанецот Жорди Луелјес и Роберт Хедин.

За три недели почнуваат подготовките за баражот  против Чешка, и ова ќе биде првиот предизвик за Червар за кое ќе треба обезбеди пласман на СП во Франција.