Лино Червар ги започна подготовките со Металург

Без неколку стандардни првотимци кои настапуваат на Европското младинско првенство во Данска, Металург денеска во 18 часот ги почна подготовките за новата сезона.

На првата прозивка кај тренерот Червар се јавија сите шест нови ракометари, голманот Дарко Арсиќ, левото крило, Мартин Марчец, централниот бек Немања Обрадовиќ, како и македонските ракометари Дарко Димитриевски, Стефан Дрогришки и Горан Печенковски.

AND_9224_resize

Лино Червар на почетокот на подготовките кон првиот тим приклучи и неколку младинци од Металург 2, кои ќе бидат со екипата до враќање на младинските репрезентативци од Данска.

AND_9216_resize

Според предвидената програма, Металург до 10 август ќе тренира во салата Автокоманда, а потоа заминува во Маврово, каде ќе остане од 10 до 16 август, за да од 17 до 20 август настапи на тур­ни­рот во Стру­га. Подготовките ќе завршат со учество на турнирот во Кањижа во период од 26 до 29  август.

ФОТО : www.rkmetalurg.mk