Лига на шампиони: Барселона и ПСЖ се убедливо најдобри сезонава

Составите на Барселона и на ПСЖ со по 18 поени се лидери во групите А и Б после десет кола и тие се наоѓаат во најдобра позиција за обезбедување на директно место во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Двете екипи имаат по девет победи и предност која би требала да биде доволна за да им донесе скок до четврт-финалето.

Вардар и Пик Сегед се двете екипи кои паузата ќе ја минат на 2. место, а тоа значи чекање на ривали од баражите од групите Ц и Д. Ова значи дека и тие ќе имаат тешка задача за да се задржат. За разлика од Вардар, Пик Сегед има поголема предност, но ќе мора да се одигра далеку подобро.

Групите Ц и Д, пак, финишираа и веќе се знае дека Бјерингбро Силкеборг ќе игра против Висла Плоцк, а Динамо Букурешт со Спортинг во трката за пласман во осминафиналето, а тука се крие можеби и еден од противниците на Вардар.

Сепак, прво ќе има два месеци пауза, а дури потоа ќе дојде време за новите дуели. Ќе има уште четири кола до крајот од групната фаза.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 10. КОЛО

ГРУПА А

ВАРДАР – КЕЛЦЕ            28:27

Кристопанс 6, Чупиќ 4, Дисингер 4 – А. Душебаев 6, Циндриќ 3, Јанц 3

КРИСТИЈАНШТАД – РАЈН НЕКАР            27:32

Хринц 6, Арнарсон 5, Кањелас 5 – Шмид 10, Липовина 5, Талески 4

БАРСЕЛОНА – МЕШКОВ БРЕСТ                41:32

Н’Гесан 6, Томас 6, Фабрегас 4 – Ивиќ 6, Ѓорѓиќ 5, Ѓукиќ 5

ВЕСПРЕМ – МОНПЕЛЈЕ                25:19

Нилсон 6, Ненадиќ 5, Манасков 4 – Ричардсон 9, Петерсон 2, Порт 2

ТАБЕЛА: 1. Барселона 18 бода (351:283); 2. Вардар 13 (284:277); 3. Рајн Некар 12 (312:294); 4. Веспрем 12 (288:274)…

ГРУПА Б

ФЛЕНЗБУРГ – ПИК СЕГЕД           27:25

Јондал 8, Гола 5, Готфридсон 5 – Бодо 5, Банхиди 4, Македа 4

ППД ЗАГРЕБ – МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ       27:25

Хорват 8, Бичаниќ 4, Сршен 4 – Пачковски 6, Пухоуски 6, Козакевич 5

ПСЖ – СКЈЕРН  38:28

Генсхајмер 9, Сагосен 8, Хансен 4 – Танген 6, Егерт 5, Могенсен 4

ЦЕЛЈЕ – НАНТ   29:29

Вујовиќ 6, Кодрин 5, Акамбре 4 – Делекро 6, Пехмалбек 5, Лазаров 4

ТАБЕЛА: 1. ПСЖ 18 бода (320:269); 2. Пик Сегед 15 (300:285); 3.  Флензбург 10 (274:266); 4. Нант 9 (298:286)…

ГРУПА Ц

БЕШИКТАШ – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ     27:30

Ласица 6, Озбахар 5, Доне 4 – Косоротов 9, А. Котов 4, К. Котов 3

ТАТРАН ПРЕШОВ – МЕТАЛУРГ 30:24

Хрстка 8, Буторац 6, Афаноу гатине 5 – Пучник 7, Серафимов 4, Шпенде 4

БЈЕРИНГБРО СИЛКЕБОРГ – СПОРТИНГ               29:28

Нилсен 7, Маркусен 5, Хундструп 4 – Фраде 5, Никчевиќ 5, Роча 5

ТАБЕЛА: 1. Бјерингбро 16 (323:273); 2. Спортинг 14 (304:277); 3. Татран Прешов 14 (278:268); … 6. Металург 2 (246:300).

ГРУПА Д

РИХИМАЕН КОКС – ВИСЛА ПЛОЦК       27:26

Ронберг 8, Башариќ 7, Таминен 5 – Дацек 8, Де Толедо 3, Крајевски 3

ВАКЕР ТУН – ДИНАМО БУКУРЕШТ         29:33

Ланц 6, Холм 5, Реми 5 – Банур 6, Алуини 5, Комогоров 5

АДЕМАР ЛЕОН – ЕЛВЕРУМ        24:24

Маркес 6, Фернандез 4, Виера 4 – Петерсен 6, Сандел 5, Фредериксен 3

ТАБЕЛА: 1. Динамо Букурешт 14 (293:280); 2. Висла Плоцк 14 (278:250); 3. Елверум 13 (278:272)…