Лигата на шампионите за прв пат со норвешкиот Гласверкет, но за прв пат без Хипо

Минатиот викенд се одиграа квалификациските турнири за пополнување на Лигата на шампионите. Трите екипи кои обезбедија пласман се Лајпциг (ќе игра во групата на Вардар), потоа Крим каде игра Мирјета Бајрамовска и норвешкиот Гласверкет кој за прв пат ќе игра во ЛШ.

Крим немаше проблеми на дуелите на домашен терен со Михаловце и Конверзано (Бајрамовска вкупно 6 голови) и лесно се пласира во групната фаза. Гласверкет во финалниот меч на турнирот во Драмен, ја победи Подравка со 28:19 иако на полувреме беше нерешено и за првпат ќе биде дел од елитата. Норвежанките во полуфиналето беа подобри од Јенимахал, тускиот тим каде играат Ленче Илкова (1 гол) Маја Сокач и Јелиз Озел, поранешните ракометарки на Вардар и Кометал.

Она што не е изненадување, со оглед на (не)квалитетот на Хипо, е тоа дека австрискиот првак за прввпат нема да игра во групната фаза на Купот или Лигата на шампионите, откако загуби од Лајпциг во финалето на турнирот во Сан Себастијан. Осумкратниот европски првак низ годините наназад е со се послаб квалитет, и прашање на време беше кога ќе мора низ квалификации да бара влез во групната фаза. Тоа се случи годинава, не успеаја да ги поминат квалификациите и ЛШ ќе ја гледаат на ТВ.

lszeni