Ливриниќ ја почна сезоната со одлична гол форма

Репрезентативката на Македонија, Елена Ливриниќ тргна одлично во новата сезона и втор натпревар по ред покажува забележителна партија во која е убедливо најдобрата на теренот во редовите на Галаци.

Ливриниќ успеа да ги врати своите колешки после негативата од 9:14 на полувреме против Залау, а со деветте погодоци беше убедливо најдобриот стрелец на тимот во ремито од 24:24.

За жал и деветте гола не беа доволни за да се обезбеди победа, но ова е добра најава за продолжението од сезоната во кое се очекува Ливриниќ да биде лидер во тимот на Галаци.

„Ја играм мојата трета сезона во првенството на Романија. Веќе знам како е да се игра во овој шампионат, а пред нашата прекрасна публика мотивот беше огромен. Бевме подобриот противник на оваа средба, но не успеавме да дојдеме до триумф“, коментираше Ливриниќ за медиумите во Романија после дуелот со Залау.