Ливриниќ распали кај Валчеа, но Галаци пак загуби

Екипата на Данибуис Галаци влезе во лоша серија и претрпе пораз овој пат на гостувањето кај Рамницу Валчеа со 26:17.

Ова беше меч на кој Елена Ливриниќ уште еднаш доминираше во таборот на гостите. Таа имаше повеќе од пола од головите. Средбата ја заврши со девет погодоци така што беше и најефикасна на натпреварот.

На овој дуел Андреа Белеска немаше погодоци, додека Дајана Јовановска не беше дел од тимот кој гостуваше кај Рамницу Валчеа.

Галаци и понатаму е на девет бода со кои сега падна на 10. позиција.