Ливриниќ и Јовановска со нова колешка: Белеска со трансфер и победничко деби за Данубиус Галаци

Андреа Белеска откако не доби вистинска шанса во редовите на Влчеа направи трансфер во Данибуис Галаци каде што им се придружи на Дајана Јовановска и Елена Ливриниќ.

Таа веќе го имаше дебито и против против Корона Брашов. Не успеа да се запише меѓу стрелците, но имаше победничко деби од 22:19 така што тргна со убаво во новиот клуб каде што се очекува да се врати во форма и да добие далеку поголема минутажа.

Елена Ливриниќ и понатаму е главен играч во нападот, а на оваа средба постигна четири погодоци, додека Дајана Јовановска која има повеќе дефанзивни задачи на оваа средба реализираше еден гол. После оваа победа, Галаци е на средина од табелата, а од шест одиграни средби има девет бода.