Ливриниќ и Јовановска во одлична форма

Репрезентативките на Македонија коишто настапуваат во редовите на Данубиус Галаци, Елена Ливриниќ и Дајана Јовановска се во одлична форма. Иако нивниот тим не успева да врзе константно игри со бодови, сепак, македонските интернационалки се редовно меѓу подобрите.

Ливриниќ на последниот меч блескаше и успеа да постигне дури десет погодоци со кои беше далеку пред своите соиграчки, но и убедливо најефикасна на мечот против Рапид кој го загубија со 20:24.

На овој дуел на кој Галаци беа гости, Јовановска покрај тоа што е една од главните во одбраната доби можност и за игра во нападот, а таму успеа да реализира два удари.