Лејно: Не е важно против кого играме утре, едноставно мораме да победиме!

По денешниот нерешен резултат со репрезентацијата на Германија, Французинките мораат да навиваат за Шведска во дуелот со Црна Гора за да поминат во полуфиналната фаза. Разочарани што неможат самите да одлучат за својата судбина,”вардарките” Лејно и Дембеле се фокусираат на утрешниот натпревар без разлика на исходот од другите дуели.

Амандин Лејно (ФРА) – голман 

“Загубивме поен. Мислам дека Германија одигра многу подобро отколку на претходните натпревари. Мислам дека тоа е така бидејќи не чувствуваа притисок, а ние бевме под стрес. Не напаѓавме директно на гол од прва и промашивме многу удари. Како што изминуваше времето беше се потешко да играме.

Не е битно против кого ќе играме утре. Едноставно мораме да победиме

image

Сираба Дембеле (ФРА) –лево крило

“Без разлика на тоа што ќе се случи на натпреварот Шведска-Црна Гора ќе ја играме нашата игра до самиот крај. Верувам дека сите ракометарки сакаме да победиме на следниот натпревар.