Лејно и Лакрабер во селекцијата на Франција за Мундијалот во Германија

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Франција, Оливие Крумбхол ги соопшти имињата на ракометарките на кои смета во финалните подготовки за Светското првенство во Германија. На списокот се и Амандин Лејно и Александра Лакрабер што значи дека и двете Французинки во Вардар ќе бидат во комбинација.

Тие не беа дел од ЕХФ-неделата поради повреда, но сега ќе се вратат во составот и ќе конкурираат за тимот. Со оглед на формата не би требало да имаат поголеми проблеми за да си обезбедат место во екипата која ќе ја претставува Франција на Мундијалот.

Инаку, на списокот има 20 ракометарки, а од нив место ќе нема само за две бидејќи одлуката е да се патува со 18 од девојките на Светското првенство.