Лејно и Лакрабер во одлична форма, Франција убедлива против домаќинот на ЕП во последната контрола

Франција можеби не е во првиот ред на фаворитите на претстојното ЕП во Шведска, но на подготвителните натпревари игра добро. На последната контрола, токму против домашната селекција, избраничките на Оливие Крумхолц, победија со 27:21.

Иако губеа со 20:16, Французинките со серија од 11:1 во второто полувреме на крајот забележаа и убедлива победа. Лејно бранеше едно полувреме и забележа 7 одбрани, додека втората вардарка, Александра Лакрабер беше втор стрелец со 6 голови. Најдобра кај „триколорките“ беше Естел Нзе Минко со 9 голови.