Летонскиот џин дојде во Вардар и веднаш се „фати“ за работа (ФОТО)

Десниот бек Даинис Кристопанс е меѓу првите ракометари што дојде во Скопје и го чека почетокот на подготовките за новата сезона. Новото засилување на европскиот првак веќе се запозна со условите во СЦ „Јане Сандански” и е редовен гостин на теретаната.

Највисокиот играч во Лигата на шампионите сезонава, со 213 цм, реши својата кариера да ја продолжи во Македонија како дел од тимот на Вардар каде е договорено да остане во следните три сезони. Дојде од тимот на Мешков Брест.

Кристопанс е стандарден дел од репрезентацијата на Летонија. Со екипата на Брест годинава играше на Ф4 турнирот во Белорусија, и во групната фаза од ЛШ, а потоа и меѓу најдобрите 16 екипи. Сезоната ја заврши со 76 постигнати голови во ЛШ, и 77 во СЕХА Газпром лигата.