Лесно е кога имаш очи и на грбот: Голманот на Орошази брани и невозможни удари (ВИДЕО)

На натпреварот од унгарскиот шампионат меѓу Балатонфуреди и Орошази, каде што настапува македонскиот репрезентативец Никола Маркоски, имаше комична ситуација. Голманот на Орошази, Левенте Сабо, имаше фантастична интервенција во текот на првиот дел.

Неговите соиграчи промашија во нападот, голманот на Балатонфуреди, Нандор Фазекаш упати веднаш топка во контра до Давид Дебрецени, но Сабо кој се враќаше од клупата кон голот, го одбрани ударот со грб. Погледнете ја оваа интеревенција….

Фото: szekelyhon.ro