Лесни три за Бутел Скопје

Ракометарите на Бутел Скопје ја продолжија победничката серија во Првата Лига, откако славеа на домашен терен над штипскиот состав Текстилец. Гостите не можеа да сметат на дел од најдобрите ракометари, па веројатно однапред помирени со поразот кај фаворитот им дадоа шанса на младите.

Уште на полувреме беше 23:8, а гостите тешко го наоѓаа патот до мрежата на одличниот Трајковски. Тренерот Котевски им даде шанса скоро на сите ракометари, и рамномерно ја распореди минутажата, па освен голманите сите други се запишаа во листата на стрелците.

Во вториот дел на терен беа и најискусните во домашниот тим, Печенковски и Василевски и разликата отиде на конечни 29, 50:21. Крилата Стоилевски и Лазароски беа најдобри во домашниот тим со по 7 голови, додека Печенковски и Василевски дадоа по 6. Кај Текстилец се истакна Дарио Јорданов со 6 голови.