Лесна победа за „триколорите“

Репрезентацијата на Франција имаше лесна задача во последниот натпреварот од третиот натпреварувачки ден на машкиот ракометен олимписки турнир.  Противници на Французите беа Аргентинците кои само во почетните 20тина минути беа достојни противници на „триколорите“. Првиот дел и припадна на Франција 17-12, а по конечниот свиреж резултатот на семафорот гласеше 31-24.

Со оваа победа, Франција се искачи на првата позиција со 6 бодови и обезбеди пласман во четвртфиналето. Веднаш позади неа се репрезентациите на Данска и Хрватска кои имаат по 4 поени. Аргентинците се последни на табелата и во досегашниот дел на турнирот немаат освоено поени.