Ленче Илкова со Јенимахал го освои Купот на Турција

Јенимахал го освои Купот на Турција во женска конкуренција откако во финалето беше подобар од Муратпаша со 38:31 (21:16). На теренот настапија две репрезентативки на Македонија, Ленче Илкова ги бранеше боите на Јенимахал, додека Душица Ѓорѓиевска беше во спротивниот тим, Муратпаша. Најзаслужна за трофејот е поранешната ракометарка на македонскиот шампион, ЖРК Вардар, Марина Дмитровиќ која постигна неверојатни 16 погодоци. Ракометарките на Муратпаша немаа никакво решение за ударите на Дмитровиќ која погодуваше од сите страни.

Ленче Илкова на овој натпревар постигна два погодоци. Свој удел во победата имаше и екс – ракометарката на Кометал, Јелиз Озел која постигна седум погодоци. Во составот на Муратпаша најефикасна беше Лаурик со седум погодоци, Душица Ѓорѓиевска еднаш се запиша во листата на стрелци.

Фото:hentbolhaber.net