Лекиќ: Не е важно кој одлучи, важно е дека го промашив пеналот!

По неочекуваниот пораз на Србија, Андреа Лекиќ по натпреварот со Словачка запрашана за прераната елиминација од Европското Првенство и промашениот последен решавачки пенал вели:

“Не е важно. Ова е најлошиот ден во нашите кариери. Не е важно дали дали јас или селекторот одлучи да го изведам последниот пенал. Најважно е што го промашив. Нека биде тоа моја грешка.

Не бевме конкретни. Промашивме пенали, бековите имаа лоша реализација. Не делувавме моќно, едноставно бевме уморни.”