Лекиќ го најави својот ракометен камп во Охрид

Ракометарката на ЖРК Вардар и репрезентативка на Србија, Андреа Лекиќ денес пред медиумите го најави својот ракометен камп кој оваа година ќе се одржи во Охрид. Најдобрата ракометарка за 2013-та година се надева дека нејзините квалитети и квалитетите од другите играчи кои ќе бидат присутни на кампот, успешно ќе бидат пренесени на младите генерации. Гости во нејзиниот камп ќе бидат Катарина Томашевиќ ( репрезентативка на Србија и членка на ФТЦ – Будимпешта), Сања Дамјановиќ (репрезентативка на Србија и членка на Виборг), Ина Суслина ( актуелен член на ЖРК Вардар) како и други познати имиња од светскиот ракомет.
Цената на ракометниот камп е 250 евра за учесниците од Македонија и во него ќе учествуваат ракометари и ракометарки од 11 до 17 години. Претходните години ракометниот камп се одржуваше во Врњачка Бања во Србија, но поради големиот интерес на младите од Македонија беше причина Лекиќ да го пресели својот камп во Охрид.
За оваа година пријавени се учесници од девет земји.

“Неизмерно е задоволството да се гледа како децата веднаш разбираат се што ќе им се каже. Нивната радост, креативност, волја и енергија е нешто најубаво на свет. Нивните солзи на крајот на кампот поради тагата за завршување на кампот будат неверојатни чувства. Се додека ова трае ќе го повторуваме кампот од година во година” изјави Андреа Лекиќ

Ракометниот камп ќе се одржи од 20 до 26 јуни. Повеќе информации се достапни на  следниов ЛИНК