Легендата на чешкиот ракомет ја заврши кариерата

Една од легендите во чешкиот ракомет- Ленка Черна ја заврши својата кариера. Зад себе има голем број на успеси а како најдобар се памети сребрениот медал од 1986 година од Светското ракометно првенство во Холандија. Со екипата на Мец од Франција освои вкупно шест шампионски титули во француското првенство. Има настапувано во Лига на шампионите, КПК и ЕХФ купот со тимови од Германија, Франција, Словачка и Чешка.

Македонските љубители на ракометот ја паметат по настапите за екипата на Бритерм Весели кога чешката екипа гостуваше во Прилеп во рамките на КПК, а Ленка Черна со 15 интервенции ја однесе својата екипа во наредното коло.