Легендата на германскиот ракомет Грит Јурак се враќа во ракометот

Најдобриот германски стрелец на сите времиња и поранешен капитен на германската репрезентација Грит Јурак се враќа во ракометот со нова функција. Легендата на женскиот ракомет ќе биде новиот менаџер на германската женска репрезентација. Заедно со Јакоб Вестергард тие ќе работат на подготвителниот тренинг камп кој започнува на 16ти март за дуелот со Русија кој одлучува за патникот на Светското првенство во Данска во декември.

“Бев многу возбудена кога Јакоб Вестергард ме праша дали ќе ја прифатам оваа задача и со нетерпение очекувам да почнеме со работа”

“Нашиот национален тим има потенцијал да биде многу успешен повторно. Ние треба да ги користиме сите можности и да истраеме во баражот против Русија. Како играч знам  што значи да се стигне на врвот кога Јакоб е тренер” изјави Јурак за германските медиуми.