Легендарната Сесилија Легангер и стави крај на ракометната кариера

Сесилија Легангер, голманката која беше страв и трепет за најдобрите светски ракометарки реши на 39 годишна возраст да и стави крај на богатата ракометна кариера.

“Благодарение на Ларвик изминативе години ја продолжив својата кариера многу повеќе отколку што планирав. Секогаш ми беше забавно, а исто така имав и многу предизвици, па мотивацијата секогаш ми беше на високо ниво. Среќна сум за сите овие додатни сезони кои ги одиграв, но веќе не сум толку млада. Моето тело веќе се чуствува уморно, имав повреди кои беа доста сериозни. Сега сум здрава и мислам дека е време да и ставам крај на активната ракометна кариера”– вели Сесилија Легангер, која со Норвешка беше Светски и Европски првак, носител на бронзен медал од Олимписките игри во Сиднеј,a има и три титули во ЛШ.

Ларвик како замена за Легангер во своите редови ги има Сандра Тофт која дојде од Тим Твис Холстебро, како и Алма Хасаниќ.